ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „МЛАДЕН КОСТИЌ“

Тим од професионалци и оспособени стручни лица, насочени кон грижа и афирмација на психосоцијалното здравје на граѓаните

Кои сме ние?

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ-АСПЕКТИ, Скопје е основано во Јануари 2010 година.

Од почетоците до сега нашиот број на членови се зголемува и во моментот броиме над 55 членови, активисти, волонтери и едуканти.

Наши услуги

Како работиме со нашите клиенти

Индивидуална психотерапија

Терапевтот нема готови решенија, но е тука за клиентот да му помогне да стане свесен за тоа како се чувствува и како учествува во неговиот живот и настаните околу него.

Психотерапија за парови

Психотерапијата или советувањето со брачен партнер е наменето за парови кои имаат потешкотии во меѓусебната комуникација

Семејна психотерапија

Семејната психотерапија е модерен терапевтски модел кој вклучува работа со поединецот, партнерите и семејството.

Online советување

Психотерапија преку Skype, Viber... Психотерапевтот или психологот најчесто користи апликации кои овозможуваат визуелен контакт.

Нашите вредности

Вредности кои нашата ГО ги практикува и промовира

1.

Хуманистички пристап кон граѓаните и прифаќање и разбирање на индивидуалноста на личноста

2.

Почитување и толеранција на различностите, емпатија и сочувство

3.

Почитување на право за дискреција на лични податоци

4.

Секој има право да бара и добие психосоцијална поддршка и помош

5.

Унапредување на професионалната компетентност

6.

Промовирање на психолошките знаења и вештини

ЗОШТО ПСИХОТЕРАПИЈА

Психотерапија и Советување

Ако е така, вие не сте единствени! Повеќето луѓе кои доаѓаат кај психотерапевт се стабилни личности кои повеќе или помалку нормално функционираат во секојдневниот живот, а психотерапијата им претставува помош и поддршка во некоја животна криза ... или пак кога човекот сака да си го поправи квалитетот на својот живот, да расте и да се развива. Психотерапија (или терапија преку дијалог) е фокусирана на вашите актуелни мисли, чувства, однесување и животни прашања. Фокусирајќи се на минатото може да ви помогне во објаснувањето нешта во вашиот живот, но фокусирајќи се на сегашноста ќе ви помогне да се справите “овде и сега“ и ќе ви помогне да се подготвите за иднината.

Можеби на почетокот од третманот ќе се гледате почесто со вашиот терапевт, а подоцна, како што ќе учите да се справувате со проблемите, подоцна ќе ви стане предизвик да го правите тоа и тогаш потребата од психотерапија ќе стане поретка.

Една од клучните цели на психотерапијата е да ви помогне во вашата промена кон подобро разбирање и одговарање на прашањата со кои се измачувате. Исто така ќе ви овозможи да изнајдете начини како да си помогнете, со користење на нови методи и нови вештини - ќе можете подобро да се справувате со она што како предизвици наидуаваат во иднината.

Тим

Запознајте не

Снежана Андреева

кл.психолог, психотерапевт, тренер +389 71 878 706 / +389 70 360 432 a_snezana@hotmail.com

Лидија Попчева

психолог, психотерапевт, тренер +389 70 273 535 lidijapopceva@yahoo.com

Радмила Манчевска

психолог, психотерапевт, тренер +389 75 379 005 / +389 78 833 301 manchevskar@yahoo.com

СОРАБОТКИ

Свежи новости

Новости

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ПСИХОДИЈАГНОСТИКА

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АСПЕКТИ – ИНСТИТУТ ЗА КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ЕДУКАЦИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА

Прочитај повеќе

СУПЕРВИЗИСКА РАБОТИЛНИЦА СО МЛАДЕН КОСТИЌ – ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР БЕОГРАД

08 и 09 март 2014 

Тема: „ГЕШТАЛТ ПРИСТАП ВО РАБОТА НА СОНОВИТЕ“

Прочитај повеќе

ЛЕТНА РАБОТИЛНИЦА – ГОЛАК 2014

Тема: Бесот и работа со бесот во Гешталт терапијата 

​Водители: Снежана Андреева, Радмила Манчевска, Лидија Попчева, Јаворка Постолова

Прочитај повеќе

WORKSHOP: Body дијагностика во Гешталт психотерапија

mr.sc. Velimir Dugandžić, prof. ECP,ECGT 4, 5 и 6 ОКТОМВРИ, Скопје

Прочитај повеќе

Наши фотографии

Галерија

Контакт

Адреса

ул. Мајка Тереза 44 (поранешна ул. Водњанска), 1000 Скопје, Македонија

Телефон

+389 71 878 706
+389 70 360 432

Работно време

Работно време
9:00AM - 05:00PM

Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Грешка
Испретео
Изработено од ИнОне